Само што заврши сезоната во Премиер лигата, и фудбалскиот свет ќе се префрли преку Атлантикот за да го следи Мундијалот во САД, Мексико и Канада, а веќе екипите во Англија го подготвуваат ростерот за следната сезона.
Сериосни фудбалски гиганти како Манчестер Јунајтед одамна ги имаат пикирано имињата кои ги посакуваат како засилувања, па летово само е финишот на трансферите на истите.
Па така, Едерсон од Аталанта, играчот кој импресионираше периодов, ќе биде најверојатно првото ново име на Олд Трафорд.
Јунајтед е во завршни преговори за негов ангажаман, а тој ќе биде новитет во средината на теренот, каде што тимот луташе премногу изминатите сезони.
По четири успешно одиграни сезони во Бергамо, сега веќе 26 годишниот универзалец го прави трансферот на кариерата. „Скај Италија“ денеска јавува дека тој би требало да се појави на Олд Трафорд пред стартот на Мундијалот на промоција.

