Ѕвезда на Иран исфрлена од репрезентацијата!

20.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѕвезда на Иран исфрлена од репрезентацијата!

Учеството на Иран на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, и натаму е топ – тема во фудбалскиот свет. Војната што ја започнаа Американците и нивниот сојузник Израел против теократската влада во Иран создаде многу неизвесности околу иднината на националниот тим. Сепак, едно нешто изгледа сигурно – 31-годишниот напаѓач Сардар Азмун нема да биде дел од составот за Светското првенство во 2026 година.
Напаѓачот, кој има импресивни 91 натпревар и 57 постигнати голови со националниот дрес, е Веста ја објави новинската агенција Фарс, која ја потврди категоричната одлука на локалните власти.
Властите во Техеран го обвинуваат фудбалерот за неговите јавни изјави. Азмун изрази поддршка за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои неодамна беа цел на ирански напади. Овој политички потег на играчот го чини место во националниот тим.
Во моментов, поранешниот играч на италијанската Рома и германскиот Баер се натпреварува во првенството на ОАЕ, бранејќи ги боите на клубот Шабаб Ал-Ахли. Официјално е исклучен од селекцијата на Иран.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата