Во насока на што подобро да го изгради тимот за следната сезона, Динамо Загреб донесе засилување од ни помалку ни повеќе ПСЖ.
Ноа Нсоки е младиот играч кој што има во моменгов 19. години и кој што од Париз си заминува без обештетување. Секако, договорен е процент од следниот трансфер на младиот играч, кој што е многу веројатен со оглед на политиката на клубот од Максимир и како тој ги продава играчите.
Нсоки во жестоката конкуренција во ПСЖ не можеше да се избори па има забележано само два официјални настапи за првиот тим, еден во првенството и еден во Купот на Франција.
Се работи за играч кој што игра на левата крилна позиција, и најмногу настапуваше за тимот до 23 години.

