Артета (не)оправдано го отпиша, а сега може да биде во – Барса?

27.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Артета (не)оправдано го отпиша, а сега може да биде во – Барса?
фото: FC Porto (X)

Иако Барселона се откажа од Алесандро Бастони, не се откажа од доведување на дефанзивец, а сега во преден план се појави Јакуб Кивиор.

Кивиор неочекувано влегол на листата на желби на Барса, бидејќи неговите карактеристики се по вкусот на Ханси Флик. Прво, тој е дефанзивец кој игра со лева нога, висок е 190 сантиметри, тактички е вешт, а и технички. Се докажа во Арсенал, иако не беше прв избор, на крајот од минатата сезона играше феноменално во некои клучни натпревари.

Сепак, Микел Артета процени дека е подобро да го продадат, или поточно, да го испратат на позајмица во Порто, кој потоа го купи за 17.000.000 евра.

Сепак, не е невозможно во случај на понуда, Полјакот да го напушти Порто по една година.

По заминувањето на Роберт Левандовски, апсолутен приоритет на Барса е нов напаѓач, за кого ќе ја скршат банката, а потоа ќе се насочат кон нов дефанзивец. Кивиор е идеална опција бидејќи е многу поевтин од Алесандро Бастони.

Полјакот има 26 години, а во Арсенал пристигна како голем талент од Специја во летото 2023 година за 19.500.000 евра.

Одигра 68 натпревари за Арсенал, додека оваа сезона за Порто регистрираше дури 39 и беше еден од најзаслужните за освоената титула.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата