Арсенал остана без уште еден трофеј: Саутемптон ги среди „топчиите“

4.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал остана без уште еден трофеј: Саутемптон ги среди „топчиите“

Фудбалерите на Саутемптон направија големо изненадување пласирајќи се во полуфиналето на ФА Купот, откако на домашен терен го елиминираа Арсенал со победа од 2:1. По поразот во финалето на Лига Купот против Манчестер Сити, тимот на Микел Артета денес ја загуби можноста да освои уште еден трофеј.

Домашните играчи одиграа одлично против најдобриот тим во земјата, па уште на стартот покажаа дека одат на победа. Во 35-тата минута кога „светците“ Рос Стјуарт успеа да ја прими топката во шеснаесетникот на Арсенал и мирно да ја заврши акцијата пред немоќниот Кепа.

До паузата немаше промена на резултатот, а Арсенал преку Ѓокерес успеа да го израмни резултатот во 68-та минута. Одлуката за победникот дојде во 85. минута кога Фелус го проигра резервистот Шеј Чарлс кој вешто ја смести топката во мрежата на гостите за голема победа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата