Фудбалерите на Арсенал дојдоа на чекор до освојување на титулата во Премиер Лигата, откако ја совладаа екипата на Вест Хем со 0:1. Момците на Микел Артета одиграа многу тежок и тврд натпревар, но на крајот успеаја да стигнат до нова победа.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Леандро Тросар во 83-тата минута. До крајот на мечот домашните притискаа и успеаја да постигнат гол преку Калум Вилсон во 95-тата минута, но судијата го поништи голот поради фаул над голманот.
Со оваа победа Арсенал останува на првото место со 79 бода, а Вест Хем е на 18-тата позиција со 37 бодови.

