Аморим: Победата над Ливерпул да се потврди со домашен триумф против Брајтон

24.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аморим: Победата над Ливерпул да се потврди со домашен триумф против Брајтон

Тимот на Манчестер Јунајтед по победата над Ливерпул во последното коло од Премиер лигата има далеку подобра атмосфера од колку претходно. Голем товар е симнат од плеќите на играчите кои се борат на секој начин да влезат во играчки и резултатски континуитет.

Менаџерот Рубен Аморим, на денешната официјална прес конференција пред утрешниот дуел со Брајтон рече дека се што е направено против Ливерпул, мора едноставно да биде потврдено со домашен триумф против Брајтон.

„Победата над Ливерпул минатиот викенд беше за навивачите, тие навистина ја заслужија како награда за целата поддршка што ни ја дадоа. Сега мора да градиме врз тој резултат и да продолжиме да го одржуваме тој пристап и високите стандарди што ги поставуваме секоја недела. Добивме самодоверба од тој успех и бев навистина задоволен од духот и смиреноста што ги покажавме во текот на целиот натпревар. Можеме да се подобриме од целокупната изведба што ја покажавме пред една недела и сум навистина задоволен од тоа колку брзо играчите успеаја да го променат својот фокус и да продолжат со подготовките за следниот натпревар. Против Брајтон треба да останеме фокусирани и да го задржиме вистинскиот став и дух.“ – рече Аморим.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата