Бран нови наслови пристигнаа во ТРИ, па овие се нашите предлози според вашата книжевна дестинација:
Книга за на плажа: „Се случи едно лето“ од Теса Бејли
За сите кои сакаат да се забавуваат и да бидат вљубени како Пајпер Белинџер, кралицата на забавите, и Брендан, капетанот во рибарското гратче. Такви се како што звучат. Спротивни како плус и минус, што само повеќе ја вжештува атмосферата. Проверете зошто оваа книга е светскиот летен хит на годината. Создајте си спомени што ќе ви го обележат летото. Едната рака во песок, а со другата фатена книгата на Теса Бејли. Онака како што Брендан не ја пушта Пајпер од прегратките!
Книга за во тивките предели: „Кога никој не гледа“ од Алиса Кол
Високите дрвја и тишината на планините имаат своја мистичност. И кога нешто ќе шушне во далечината, го носи истото чувство како добар трилер. Чувство на страв, но и силно љубопитство. Откријте ја вистината во бестселерот меѓу трилерите, „Кога никој не гледа“ од Алиса Кол и приказната за Синди Грин и Тео. Ќе можат ли доволно да си веруваат себеси и еден на друг за да дознаат што се случува во нивното соседство?
Книга за во шума: „Остани позитивен со Марко Аурелиј“ и „Остани спокоен со Сенека“ од Јана Капри и Чаран Дијаз
Во шумското спокојство може да најдете многу одговори. А одговорите на сите животни прашања ги имаат стоиците. Замислете си дека големите стоички филозофи можат да ве посоветуваат кога ќе ви се појави некоја дилема. Сега навистина можете да добиете совет од нив! Јана Капри и Чаран Дијаз ги приспособија мудрите записи на Марко Аурелиј и Сенека според современите проблеми. Ова лето откријте го своето најдобро јас и пронајдете го својот внатрешен мир.
Книга за во двор и на балкон: „Добри вибрации, добар живот“ од Векс Кинг
Мегапопуларната „Добри вибрации, добар живот“ од Векс Кинг нестрпливо ве чека. Зошто треба да ја читате во домашна или опуштена атмосфера? За да можете да се чувствувате добро во својата кожа и исполнети со љубов. Научете се да се сакате себеси за да можете да го сакате и светот. Векс Кинг е најдобриот современ советник за разбирање и љубов кон себеси. Уверете се во тоа!
Книга за историска обиколка на градот: „Човекот кој шета книги“ од Карстен Хен
Шетајте низ родниот или низ светските градови со оваа книга во рацете. Токму како книжарот за когошто е напишана, како Карл Колхоф, шетачот на книги кој секоја вечер тргнува по живописните улички на градот за да ги однесе нарачаните книги во домовите на најверните читачи. Сигурни сме дека страсните читачи бескрајно ќе се вљубат во овој германски бестселер кој несомнено ќе стане класика.
Книга за секаде: „Сликата на Доријан Греј“ од Оскар Вајлд
Сите туристи се вљубеници во минатото. А интересниот аспект на минатото е тоа што без него не би биле она што сме денес. Така, денешната книжевност не може да се замисли без Оскар Вајлд и неговата класика „Сликата на Доријан Греј“. Овој безвременски роман е еден од најактуелните на 19 век, а неговите универзални теми можеби повеќе важат денес, во нашиот нарцистички 21 век, отколку во времето кога е напишан. Класиците се задолжителни четива за секоја душа и неизбежни книги во домашните библиотеки.
За крај, пред да го направите изборот на книга и патувачка дестинација, не заборавајте: ако страниците се километри, не прескокнувајте ни милиметар – изодете го целиот свет пеш!