Пред завршетокот на изборната кампања од граѓани добиваме информации за незаконски активности на членови на ДУИ во Охрид предводени од нивни препознатливи локални првенци.
Поседувањето на избирачки материјал, списоци со лични податоци на гласачи, слики од гласачки ливчиња со заокружен број пред кандидат на ДУИ е зборува за нервозата од губење на власт.
Станува збор за тешки дела против изборите и слободната волја. Никој нема да остане неказнет.
Гласовите на граѓаните не се на пазар да се купуваат со ситнеж од големите криминали.
Веруваме дека Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги санкционираат сите криминалци кои мислат дека може со пари да ја сменат волјата на граѓаните.
Апелирам до граѓаните да си гласаат по сопствена волја. Зад параванот никој нема да види за кого сте гласале.
Да ги избркаме криминалците од власт. Со украдени пари нема да го купуваат нашиот глас.
Масовноста на изборите ќе ги победи криминалците, пишува на ФБ генераниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и носител на листата во ИЕ 5.