Бојан Јовановски во
јавноста познат како Боки 13 утрово бил повикан на информативен разговор во
полициска станица бил пријавен од уште Зоран Милески Кичеец со кого беа осудени
во предметот Рекет .
Тој настанот го
пријавил во СВР Охрид, па оттаму СВР Скопје постапува по барање по повод
пријава за сторени три кривични дела – загрозување на безбедноста, демнење и
кривично дело лажно пријавување.
Боки-13 ги
отфрлува сите наводи за понатамошно процесуирање.
-Повод е мојот
статус дека лица блиски до Кичеец се обидуваат да ме замолчат. Тоа јавно го
објавив. Кичеец е дел од моите кривични пријави за сторени кривични дела за кои
јас имам индиции и докази дека ги сторил, но тоа ќе биде предмет на постапка
пред јавен обвинител и не во оваа форма. Ова го сметам за директен притисок
поради тоа што се случи вчера кога имав најавено јавен настап и интервју, кажа
Јовановски пред полициската станица „Пролет“.
Според
Јовановски, „од авион се гледа дека станува збор за притисок и тенденција“.
-Кога крадецот
вели држете го крадецот. Заканувачот и насилникот пријавува некакво насилство.
Во таа смисла мислам дека е беспредметно и исто време трошење време на
полициските службеници. Стравот на Кичеец е јасен. Тоа е човек кој многу се
огрешил пред законот и нанел многу злодела, а не бил санкциониран навремено,
истакна Боки-13.
Потоа се огласи и на Фејсбук.
Замислете ме
пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел… кажете му
дека ќе го демнам се додека не одговара и не биде санкциониран за сите
криминали и злодела!, напиша Боки 13 на Фејсбук