Целиот град со двајцата преостанати жители е ставен на продажба, а некогаш бил важна железничка раскрсница во овој дел од земјата.
Има пошта и поштенски број
Иако некогаш имал 270 жители, сега е практично напуштен поради затворањето на локалната индустрија и укинувањето на железничките врски, објавува „Мирор“.
Според објавените податоци, Кулади се наоѓа на 800 километри од главниот град на Квинсленд, Бризбејн. Иако е речиси напуштен, сè уште има своја пошта и поштенски број (4479).

Потенцијалниот купувач ќе мора да издвои околу 240.000 евра за да го купи градот.
Според преостанатите жители, Џо Корнел и Керол Јароу, кои се населиле тука во 2023 година, локалната заедница е сè уште активна, иако најблиската населена точка е оддалечена 70 километри.
„Продавницата и пабот се веројатно главните бизниси. Ние ги организираме и поштенските линии“, вели Керол, додавајќи: „Најдобрата работа кај Кулади е локалната заедница. Луѓето патуваат 70 километри за да нè посетат.“
„Живеење во совршена околина“
Агентката за недвижности Беки Џасман, која ја води продажбата, вели дека со купувањето на овој австралиски град не само што го добивате земјиштето, Фокстрап Роудхаус и другите објекти, туку и „можноста да живеете во совршена околина“.
„Ако сакате да избегате од вревата и метежот на модерниот живот, ова е местото каде што треба да бидете. Ако четворица луѓе го купат градот, неговото население би се удвоило“, вели таа.

Џо и Керол, од друга страна, решиле да продолжат понатаму.
„Можеби е време некој друг да ја преземе контролата и да ја продолжи приказната за ова мало гратче“, вели Керол, надевајќи се дека некој ќе се осмели да го купи и да направи нов почеток во овој округ.

