Трамп планира градежни проекти во Белата куќа од речиси милијарда долари

13.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп планира градежни проекти во Белата куќа од речиси милијарда долари

Според весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од Конгресот. Парите биле пренасочени во сметката на извршната резиденција на Белата куќа наменета за поправки и реставрација, за проекти кои администрацијата ги опишува како „проекти за модернизација“.

Во извештајот се наведува дека планираните зафати вклучуваат изградба на балска сала во источното крило, уредување на плоштадот Лафајет, изградба на хелиодром, нов центар за безбедносна проверка на посетителите и други подобрувања, со што проценетата вкупна цена достигнува најмалку 927 милиони долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата