Светот се воодушевува на синоќешно спектакуларното затамнување на сонцето

13.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светот се воодушевува на синоќешно спектакуларното затамнување на сонцето

Во поголемиот дел од Европа имаше делумно затемнување, а целосното затемнување беше видливо од делови во северна и централна Шпанија, Гренланд и Исланд, каде што илјадници туристи се собраа за да го набљудуваат реткиот феномен.

Патеката на целосното затемнување помина низ голем дел од северната половина на Шпанија, од Галиција на запад, преку внатрешноста на земјата, па сè до источниот брег и Балеарските Острови.

Меѓу градовите што се најдоа на патот на целосноста беа А Коруња, Овиедо, Билбао, Леон, Сарагоса, Валенсија и Палма. Во остатокот од земјата, затемнувањето беше делумно. Локацијата на Шпанија им даде на сцените дополнителна драма. Затемнувањето се случи во вечерните часови, додека Сонцето веќе се приближуваше кон хоризонтот, па целосен мрак се случи непосредно пред зајдисонце.

Во Англија, Месечината покриваше и до 90% од Сонцето.

И експедиција од Скопското астрономско друштво вчера во Шпанија посведочи на соларното затемнување, кога денот на неколку минути се претвори во ноќ.

Метеж се направи и во Скопје, поточно надвор од градот на Козјак. Стотици возила кои се искачиле на повисоко и неосветлено место за да можат поубаво да го видат затемнувањето но и метеорскиот дожд Персеиди, синоќа истовремено тргнаа од подрачјето на Козјак кон Скопје, создавајќи долги колони на патот од Брезница кон главниот град.

На повеќе делници возилата се движеа бавно, а колоните се протегаа во должина од повеќе километри. Возачите беа повикувани на трпение, одржување безбедно растојание и внимателно возење додека траеше расчистувањето на колоните.

И на Скопското Кале имаше голем број посетители кои чекаа да го видат затемнувањето, кое над Македонија се случи речиси истовремено со зајдисонцето.

Последното целосно затемнување на сонцето што ја погоди Европа се случи на 11август 1999 година кога. Тогаш во Македонија, Месечината го покри сончевиот диск со висок процент — помеѓу 85% и 90% додека   додека во Војводина, Бугарија и Романија, затемнувањето беше целосно.

Иако Европа чекаше повеќе од 20 години за ваков настан, следната можност нема да бара децении чекање. Според податоците на НАСА, веќе на 2 август 2027 година ќе се случи ново целосно соларно затемнување, кое повторно ќе помине преку јужна Шпанија, а потоа ќе продолжи преку Северна Африка, Саудиска Арабија и Јемен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата