Како тагува кучето кога ќе го изгуби сопственикот: Знаци на тага што не смеете да ги игнорирате

26.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како тагува кучето кога ќе го изгуби сопственикот: Знаци на тага што не смеете да ги игнорирате

Кучињата носат љубов, чувство на сигурност, верни се и секако, тие што чувале куче и имале силна поврзаност со него, знаат колку тој однос може да биде посебен. Затоа многу сопственици ги мачи прашањето: дали кучињата тагуваат при разделба со сопственикот?

Нивната тага можеби не е иста како човечката, но често се гледа од нивното однесување, навиките и расположението.

Затоа е важно да ги препознаете знаците на жалење и да знаете како да му помогнете на кучето полесно да ја преброди промената, наведуваат од Американскиот кинолошки клуб.

Кучето чувствува дека нешто не е во ред

Кога сопственикот ќе почине или ненадејно исчезнува од секојдневието на кучето, кучето можеби не разбира што се случило, но чувствува дека повеќе не е исто. Му недостасуваат познатите звуци, мириси, рутината на кое е навикнато.

Иако не е сосема сигурно дека кучињата тагата ја доживуваат исто како луѓето, постојат силни показатели дека чувствуваат емоционална загуба. Истражувањата на кучешкиот мозок покажуваат дека кај нив се активираат слични подрачја како кај луѓето кога проживуваат слични емоции.

Со други зборови, можеби кучињата не ја разбираат смртта како нас, но многу длабоко ја чувствуваат празнината поради отсуството на лицето со кое биле поврзани.

Знаци дека кучето минува низ емоционално тежок период

Знаците на тага се разликуваат од куче до куче, некои стануваат тивки и повлечени, додека други стануваат немирни, чувствителни и бараат блискост.

Најчести знаци на тага и анксиозност се: тешко дишење, цвилење, често лаење, немирно одење и неспокој. Кучето може да делува како нешто да бара и не може да се смири.

Тагата кај кучињата се манифестира и преку губењето апетит, пад на телесната тежина, недостаток на енергија и безволност. Некои кучиња го губат интересот за игра, прошетка и активности што некогаш ги сакале, додека други стануваат невообичаено приврзани.

Како да му помогнете на кучето полесно да ја преброди загубата

Стручните лица нагласуваат дека не постои решение кое веднаш би им ја олеснило болката на кучињата, но вниманието, трпението и нежноста можат да помогнат. Важно е да се одржува рутината на кое кучето навикнало, бидејќи познатиот распоред му дава чувство на сигурност.

Помага и минувањето повеќе време заедно, галењето, омилената игра и доволно движење.

Допирот и блискоста се особено важни бидејќи му даваат чувство на поврзаност и утеха. Некои кучиња постепено ќе се вратат на вообичаеното однесување, додека кај други е потребно повеќе време за закрепнат.

Кога да побарате помош од ветеринар

Колку ќе тагува кучето зависи од неговиот карактер, од приврзаноста со сопственикот и околностите на загубата.

Сепак ако забележите дека негово физичка и емоционална состојба се влошува, важно е да побарате совет од ветеринар. Понекогаш симптомите на тага може да кријат и здравствен проблем, па најдобро е тоа да го проверите навреме. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата