Американската ЦИА знаела за советските истражувања за лекување на ракот уште во 1951 година

10.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американската ЦИА знаела за советските истражувања за лекување на ракот уште во 1951 година

Еден од документите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), декласифициран уште во 2014 година, се најде во центарот на вниманието бидејќи сугерира дека американската служба била свесна за истражување на потенцијален третман за ракот пред повеќе од шест децении.

Документот, составен во февруари 1951 година, ја сумира советската научна работа која ги истакна сличностите меѓу паразитските црви и канцерогените тумори, објави Дејли Меил.

Експерименти во лабораторија

Според објавениот документ, советските истражувачи верувале дека паразитските црви и канцерогените тумори напредуваат во речиси идентични метаболички услови и дека акумулираат големи резерви на гликоген (сложени јаглехидрати кои служат како резервен извор на енергија кај луѓето и животните).

Истражувањата наводно покажале дека одредени хемиски соединенија можат да влијаат на паразитските инфекции и малигниот раст на ткивото.

Еден од лековите, Myracyl D, бил ефикасен против паразитите кои предизвикуваат шистозомијаза, но, според советските истражувачи, имал ефект и врз канцерогените израстоци.

Советските истражувачи тестирале и други хемиски соединенија за да ги проучат нивните ефекти врз туморите и паразитите. Лабораториските експерименти, наводно, покажале дека некои од овие соединенија можат да влијаат на нивниот раст, навестувајќи ги потенцијалните насоки за развој на третман, иако резултатите не се потврдени како практична терапија.

Бурна реакција од корисниците

Иако документот беше декласифициран пред повеќе од десет години, неодамна стана вирален на Интернет, предизвикувајќи бурни реакции кај корисниците.

Сега поединци се прашуваат зошто истражувањето - кое може да укаже на третман за рак - се чувало во архиви на разузнавачки служби со децении.

„Американците знаеја. Го прочитаа, го означија како класифициран и го заклучија во сеф 60 години“, напиша едно лице, додека друго додаде: „ЦИА од 1951 година знае дека ракот е паразит“.

Објавениот документ, сепак, не тврди дека ракот е предизвикан од паразити - тој само известува советски истражувања кои ги набљудувале биохемиските сличности помеѓу туморите и паразитските црви и експериментално ги тестирале ефектите на одредени соединенија.

Идеи зад „железната завеса“

Патем, документот на ЦИА се заснова на статија од 1950 година, објавена во советското научно списание „Природа“, чиј автор е професорот В. В. Алпатов, кој го проучувал биохемиското однесување на ендопаразитите - организми кои живеат во телото на домаќинот.

Американските аналитичари го преведоа делото, бидејќи се сметаше за потенцијално релевантно за биомедицинските истражувања и националната одбрана во раните години на Студената војна.

Овој документ дава редок поглед на научните идеи проучувани зад „Железната завеса“ во средината на 20 век, кога научниците се обидуваа да ја разберат основната природа на ракот и бараа индиции кои еден ден би можеле да доведат до ефективни третмани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата