Според крајбрежната стража, во недела напладне, пристанишните власти во Солун биле информирани дека во морскиот дел на пристаништето А е пронајдено тело на жена. Жената била на возраст од околу 50-55 години, но не се познати повеќе детали. Не е познато од која националност е жртвата.
Прелиминарната истрага ја спроведува Централната пристанишна управа на Солун.
Во недела попладне, 82-годишен Грк бел пронајден во несвест на плажата Плака на Тилос. Тој веднаш бил пренесен со брза помош од ЕКАБ во болницата Ливади на Тилос, каде што бил прогласен за мртов, пишува Прототема.
Кратко потоа, друг граѓанин на 88 годишна возраст е пронајден во несвест на плажата Микиверна во Полигирос, Халкидики. Во тек е прелиминарна истрага за причината за смртта.
Летната сезона е во полн ек во Грција, па затоа на туристите им се препорачува да бидат внимателни.