Голем пожар во Бургас- огнот проголта 25 куќи, во тек е евакуација (ВИДЕО)

14.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голем пожар во Бургас- огнот проголта 25 куќи, во тек е евакуација (ВИДЕО)

Пожарот избувна околу 11:30 часот по локално време во зоната „Остриците 2“ на копно со сува вегетација и брзо се проширил, објавува порталот „Новините“, додавајќи дека системот за предупредување, и покрај сериозноста на ситуацијата, не бил активиран.

Покрај противпожарните екипи, во гаснењето учествувале и волонтери, а на местото на настанот пристигнал и градоначалникот Димитар Николов, кој рекол дека пожарникарите работат на пресекување на пристапните патишта за да спречат ширење на пожарот кон источниот дел од станбената зона.

„За жал, околу 25 куќи веќе се уништени, од кои шест или седум биле целосно населени. Полицијата активно ги евакуира луѓето од нивните имоти. Фала му на Бога, нема жртви“, рече Николов.

Според него, периметарот на пожарот постојано се поместува поради силните ветрови, што ја прави ситуацијата покомплицирана за службите за итни случаи.

Во исто време, тој апелираше до сите жители да се држат подалеку од областа до понатамошно известување.

Според порталот, евакуацијата на жителите од населбата е сè уште во тек.

Според БТА во пожарот попладнево загинала една жена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата