Според извештаите, на Савичевиќ му била изречена парична казна, по што бил ослободен.
Савичевиќ, според прекршочната пријава на полицијата. бил изведен пред судот поради пребрзо возење и престигнување на полна лента.
Неофицијално, Савичевиќ, кој и претходно беше осудуван за слични прекршоци, одбил да му биде извршен алкотест.
Савичевиќ од 2001 година е претседател на Фудбалската федерација на Црна Гора, а неодамна му беше доверен нов четиригодишен мандат.