Пленковиќ стана мандатар - мора да состави Влада до 9 јуни и по трет пат премиерска функција

10.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пленковиќ стана мандатар - мора да состави Влада до 9 јуни и по трет пат премиерска функција

Во согласност со Уставот, Милановиќ ќе го свика парламентот на првата конститутивна седница во четврток, на 16 мај. На таа седница ќе се избере нов претседател на парламентот (најверојатно повторно Гордан Јандроковиќ), потпретседатели на парламентот и ќе се формира ново парламентарно мнозинство. Сите избрани пратеници ќе дадат заклетва и со тоа официјално ќе започне 11-тиот состав на хрватскиот Сабор, објави Индекс.

Откако Милановиќ му го врачи мандатот за состав на влада на Пленковиќ, врз основа на 78 потписи доволни за мнозинство, денеска почнува рокот од 30 дена за формирање на владата што ја мандатира Пленковиќ. Во тој рок, Пленковиќ е должен да ја претстави владината програма и составот на владата со сите потпретседатели и министри до хрватскиот Сабор и да побара гласање за доверба.

Уставот предвидува продолжување за уште 30 дена доколку владата не добие доверба во парламентот, но тоа не треба да се очекува со оглед на сите најави на пратениците, кои ќе го поддржат новото мнозинство.

Според тоа, гласањето на новата влада може да се очекува на крајот на следната недела, а рокот според тоа би бил 9 јуни. Во секој случај, Андреј Пленковиќ во следните недели ќе биде првиот во историјата кој по трет пат ќе биде избран за претседател на хрватската влада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата