Грција испрати два канадера во Албанија за справување со големиот пожар на југот од земјата

6.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција испрати два канадера во Албанија за справување со големиот пожар на југот од земјата

Преку европскиот механизам за цивилна заштита, Грција испрати два канадери во Албанија за да помогнат во гаснењето на големиот шумски пожар во општина Фојник во јужниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, двата канадери кусо пред 18 часот попладнево од Солун полетале за Албанија.

Воздушна помош за соседната земја е преку Европскиот механизам за цивилна заштита, што беше активиран по барање од албанската влада. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата