Инцидентот се случил во понеделникот, кратко по испловувањето, а сè започнало како едноставна расправија покрај детскиот базен, објавува „Њујорк пост“.
Туристите завршиле во болница
Според полициското соопштение, вербалната расправија меѓу двајца патници набрзо прераснала во жестока физичка пресметка.
Капетанот немал избор, па решил да го сврти крузерот и да ги извести локалните власти. Полицијата потврди дека патниците биле однесени во болница со полесни повреди, додека фотографиите од местото на настанот покажале еден од нив на носилка.
Иако биле повредени, тие одбиле да поднесат тужба.
🚢🚨 Royal Caribbean’s Wonder of the Seas turned back after an all-out brawl. Shoes flying, cops waiting, chicken tenders involved. You don’t have to live like this, here’s the $100 trick to avoid cruise chaos👇 https://t.co/lrSHNzWeQp pic.twitter.com/VwMCaU8f2L
— The Budget Savvy Travelers 🇺🇸🦅🏴☠️ (@TheBSTravelers) September 16, 2025
Тепачката го прекина крстарењето
Крузерот првично требало да ги посети Бахамите за време на своето петдневно патување, но се вратил во Мајами истиот ден. Откако властите го завршиле својот дел, повторно отпловил навечер.
„Чудо на морињата“ е долг речиси 370 метри, со капацитет од 7.000 патници и 2.000 членови на екипажот. „Ројал Карибиан“, кој управува со крузерот, потврди дека на гостите кои учествувале во тепачката им е укажана медицинска помош и дека случајот се истражува во соработка со надлежните органи.
„Нашиот тим веднаш реагираше и им ја пружи потребната грижа на повредените. Во контакт сме со локалните власти, но додека истрагата е во тек, не можеме да дадеме дополнителни информации“, соопшти компанијата.