Според медиумските извештаи, несреќната жена била пред познат ресторан кога, околу 10 часот утрово, непознато лице смртно ја повредило, најверојатно со нож.
По крвавиот напад, осомничениот убиец избегал од местото на настанот, објави Билд.
Ресторанот не бил отворен во времето на нападот и во овој момент не е јасно дали убиената жена била вработена во ресторанот или минувач.
Полицијата била повикана на местото на настанот по добиената пријава, а екипите на брзата помош веднаш пристигнале. За жал, жената не можела да се спаси. Таа била прогласена за мртва во болница.
Полицијата попладнево објави дека бара „осомничен“, без да прецизира дали станува збор за маж или жена.
Портпаролот на полицијата одби да открие повеќе детали за случајот за да не ја загрози истрагата.