Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

21.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си.

Зеленски потврди дека американскиот систем за рано предупредување против руски напади сега повторно функционира и им се заблагодари на САД за соработката.„благодарни сме на американската страна.

- Сега функционира, одлично е“рече Зеленски нагласувајќи колку се важни навремените предупредувања за безбедноста на украинското население.

Неговата изјава доаѓа по неколкудневните тензии меѓу Киев и Вашингтон поради украинските тврдења дека САД повеќе не даваат навремени информации за руските ракетни напади.

Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон намерно крие разузнавачки информации од Украина. Тој тврдеше дека немало политичка одлука за прекин на соработката, туку дека проблемите се од техничка природа.

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека учесниците на состанокот постигнале вистински напредок по две важни групи прашања – долгорочни мировни решенија и итни мерки што би можеле да го намалат бројот на жртви. Зборувајќи за долгорочното решение, тој рече дека се пронајдени одредени елементи од можен мировен договор и дека предлозите ќе ѝ бидат презентирани на руската страна за време на утрешните разговори во Русија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата