Зеленски тргна на пат кон Турција

14.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски тргна на пат кон Турција

„На пат сме“, изјави за Ројтерс функционерот, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на ситуацијата.

Тој рече дека Зеленски се упатува кон Анкара.

„Вашингтон пост“ претходно објави дека Зеленски инсистира на средба со рускиот претседател Путин во Турција и се очекува да пристигне во Анкара доцна вечерва за да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва објави дека руската делегација на преговорите со Украина, кои треба да започнат утре во Истанбул, ќе ја предводи неговиот помошник Владимир Медински.

Медински, исто така, ја предводеше руската делегација на преговорите со Киев во Истанбул во 2022 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата