Зеленски соопшти дека со Стармер разговарале за зајакнување на позициите на Украина

2.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски соопшти дека со Стармер разговарале за зајакнување на позициите на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал „важен и срдечен“ разговор со британскиот премиер Кир Стармер, со кого разговарале за зајакнување на позициите на Украина и за добивање сигурни безбедносни гаранции.

„За време на разговорите ги разгледавме предизвиците кои стојат пред Украина и цела Европа, координацијата со нашите партнери, конкретните чекори за зајакнување на позициите на Украина и завршување на војната на праведен начин, со сигурни безбедносни гаранции“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.

Стармер вчера го пречека Зеленски во Даунинг стрит 10 со топла прегратка - еден ден по посетата на украинскиот лидер на Вашингтон и неговата средба со Доналд Трамп во Белата куќа. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата