Зеленски: Русија ги одбива сите мировни напори, треба да се заострат санкциите

26.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Русија ги одбива сите мировни напори, треба да се заострат санкциите

Зеленски рече дека лично ѝ се заблагодарил за нејзината „јасна позиција и пораки за поддршка на Украина“ што ги презентираше за време на нејзиниот говор во Европскиот парламент во Брисел денес.

„Целосно се согласуваме: сè додека Русија продолжува да ги отфрла сите мировни напори, санкциите против неа мора да бидат заострени, а одбранбената и финансиската помош за Украина мора да продолжат“, рече Зеленски.

Замрзнатите руски средства во фокусот

Тој додаде дека една од темите на разговорот биле замрзнатите руски средства, од кои голем дел се наоѓаат во земјите од Европската Унија.

Во тек е дискусија за тоа дали овие средства можат да се користат за финансирање на украинската одбрана. „Разговаравме за моменталната дипломатска ситуација и работата на Европската Унија за одлуката за користење на замрзнатите руски средства за одбрана на Украина“, заклучи украинскиот претседател.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата