Зеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето место

21.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето место

Во интервју за „Ен-Би-Си њуз“ (NBC News), одговарајќи на констатацијата дека Путин го изградил мостот како доказ оти Крим засекогаш ќе остане дел од Русија, Зеленски изјави дека „не треба да им се придава значење на изјавите на рускиот лидер“.

„Не е важно што вели Путин за нашата земја и за Крим. Ова е наша земја. Таа е привремено окупирана. Тоа покажува целосно непочитување кон територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Токму вака тој почна да се однесува по 2014 година“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади врз украинските објекти, додавајќи дека Москва мора да разбере оти Кримскиот мост нема да опстане.

Зеленски изрази надеж дека ќе се најде дипломатски начин за ставање крај на војната, но порача дека Украина ќе ја оствари таа цел „дипломатски или воено“.

Тој повтори дека Киев никогаш нема да ги прифати окупираните украински територии како дел од Русија, ниту пак ќе се согласи на натамошна милитаризација на својата земја. Кримскиот мост повторно беше нападнат во текот на ноќта на 19 ноември, по што железничкиот сообраќај преку него беше прекинат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата