Локалните медиуми објавија дека ги игнорирале предупредувањата од Цивилната заштита дека приближувањето кон активен вулкан во централно Мексико може да има фатални последици.
Еден од најактивните вулкани
Попокатепетл е висок 5.426 метри и е еден од најактивните вулкани во Мексико. Повеќе од 20 ерупции се регистрирани од доаѓањето на Шпанците во оваа земја во 1519 година, а последната поголема се случила на 21 декември 1994 година.
Објавеното видео прикажува млад човек како се искачува до работ на кратерот, а по неколку моменти, и блескава лава.
Туристите позираа за селфиња, и покрај строгите ограничувања што беа во сила. Властите постојано предупредуваат дека постои ризик од експлозии и исфрлање на фрагменти од врели карпи, објавува „Сан“.
Жестока дебата на мрежите
Тие се искачија на Попокатепетл на 30 март, а нивната авантура предизвика жестока дебата на социјалните мрежи. Некои веруваат дека туристите се „многу храбри“, додека други веруваат дека се „невнимателни и неодговорни“.
CRAZY CRAZY!.....Sound up 🔊
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) May 6, 2025
Three people climbed to the crater of Mexico's Popocatépetl volcano, despite official warnings. The video, shows them ignoring safety protocols from CENAPRED, which had restricted access within a 12-kilometer radius. pic.twitter.com/FNiv8mv9L3
Властите го критикуваа нивниот чин, нарекувајќи го „исклучително опасен“, особено со оглед на вулканската активност на Попокатепетл и можноста за непредвидливи ерупции.
„Нема причина да ми е жал ако им се случи нешто“, „Не е баш паметно“, „Шокантно. Тие не ги ценат своите животи ниту своите семејства“, „Боже! Ова е целосна лудост“, гласеа некои од коментарите на мрежите.