Вооружени напаѓачи упаднале во интернат, го убиле заменикот директор и грабнале ученички- хорор во Нигерија

17.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вооружени напаѓачи упаднале во интернат, го убиле заменикот директор и грабнале ученички- хорор во Нигерија

Вооружените лица, кои биле вооружени со пушки, нападнале владино средно училиште за девојчиња во градот Мага околу 1 часот по локално време.

Наставник во училиште, кој зборувал под услов да остане анонимен, потврдил за Ројтерс дека заменик-директорот на училиштето, Хасан Јакубу Макуку, бил убиен додека им се спротивставувал на напаѓачите и дека еден чувар бил повреден.

Тој рече дека вооружените лица избегале во соседната држава Замфара со киднапираните ученички.

Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот на интернатот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата