Аџиите денеска седумпати ќе свртат околу Каба, најсветото место во исламот, а потоа ќе се упатат кон Мини каде „ќе го каменуваат ѓаволот“, а потоа на молитва на планината Арафат, каде се верува дека пророкот Мухамед ја одржал последната проповед.
Саудиските власти ги засилија мерките против жештината, како што е обезбедување дополнителна сенка и климатизирани шатори, за да не се повтори минатогодишниот исход, кога 1.301 лице почина кога температурата на воздухот се искачи до 51,8 степени Целзиусови. Годинава мобилизирани се повеќе од 40 владини агенции и 250.000 работници за да го намалат бројот на смртни случаи поврзани со топлината.
Саудиските власти тврдат дека поголемиот број смртните случаи минатата година биле помеѓу нерегистрирани аџии кои немале пристап до климатизирани шатори и автобуси.