Во Хелсинки цела година немало сообраќајна несреќа со смртни последици

2.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Хелсинки цела година немало сообраќајна несреќа со смртни последици

Надлежните оценија дека достигнувањето се должи на многу фактори, но ограничувањата на брзината се едни од најважните з апревенција на фатални сообраќајни несреќи.

Хелсинки во 2021 година ја намали максималната брзина од 40 на 30 километри на час во повеќето станбени области,  а ограничувањата беа спроведени со 70 нови камери за брзина. Дополнително во многу делови од градот, патиштата се стеснети и се засадени дрвја кои ги принудуваат возачите да се движат повнимателно низ населените области.

Градот, исто така, инвестираше во нова пешачка и велосипедска инфраструктура, во нови автобуси и нова трамвајска линија, јавуваат локалните медиуми..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата