Во Германија уапсени државјани на Ирак, планирале напади врз синагоги. „Тие се поврзани со Иран“

26.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Германија уапсени државјани на Ирак, планирале напади врз синагоги. „Тие се поврзани со Иран“

 „Ирачките државјани Мостафа Ал Р. и Амир Ј. се осомничени дека се членови на терористичка организација и подготвуваат напади врз цели во Европа“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на Карлсруе.

Двајцата осомничени се во близок контакт со проиранската терористичка организација ХАЈИ, која е обвинета за организирање серија напади врз објекти поврзани со САД, Израел или еврејските заедници во Европа од почетокот на војната во Иран.

„Мостафа Ал Р. и Амир Ј. основале огранок на оваа организација во Германија со цел подготовка и извршување на нападите и регрутирале луѓе кои ќе ги извршуваат нападите со експлозиви“, се вели во соопштението. Понатаму се наведува дека во март оваа година непознати лица се упатиле кон синагогите во Келн и „друг европски град“ со експлозиви, но дека од непознати причини не е извршен напад.

Истовремено со апсењето на двајцата осомничени во Келн и Хајделберг, извршени се претреси во 17 други објекти низ цела Германија. Дејствијата на државното обвинителство се базираат на информации добиени од германската внатрешна тајна служба, Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата