По 5-часовни разговори, Виткоф на социјалните мрежи напиша дека претставниците на украинската и американската делегација воделе длабински дискусии за мировниот план од 20 точки и дека разговорите продолжуваат и денеска во Берлин.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски во изјава за Фајненшл тајмс посочил дека Украина е подготвена да се откаже од инсистирањето за членство во НАТО доколку САД и европските партнери понудат доволно безбедносни гаранции како дел од преговорите за мировниот договор..

