Авионот пристигнал околу 22:35 часот по московско време (20:35 часот по централно европско време), соопшти агенцијата.
Претходно беше објавено дека авионот на Виткоф полетал од меѓународниот аеродром во Цирих денеска и се упатил кон Москва.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека средбата на рускиот претседател Владимир Путин со Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, е планирана за доцна навечер по московско време.

