ВИДЕО: Телевизиски хеликоптер што снимал сообраќајна несреќа се урна во САД, тројца загинати

16.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВИДЕО: Телевизиски хеликоптер што снимал сообраќајна несреќа се урна во САД, тројца загинати

Во несреќата загиналенајмалку три лица, вклучително и пешак на паркинг, а едно лице е пренесено во болница. Хеликоптерот се урнал нешто пред 19 часот по локално време, на околу 40 километри северозападно од центарот на Лос Анџелес.

Екипи за итна помош и новинарски екипи се наоѓале во близина во тоа време, известувале за посебна несреќа со автобус во која исто така имало жртви.

„Знаеме дека станува збор за хеликоптер на информативната редакција и знаеме дека изгубивме контакт со нашите луѓе“, изјави во етер водителката на KNBC, Колин Вилијамс.

Претходно истата вечер, таа соопштила дека станицата изгубила контакт со екипажот на хеликоптерот. Противпожарната служба на Лос Анџелес соопштија дека на местото на несреќата се пронајдени три починати лица, додека едно лице е пренесено во локална болница; неговата состојба е непозната.

Едно од починатите лица било „пешак кој се наоѓал на паркингот“, изјави капетанот на противпожарната служба, Бранден Силверман.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а властите не го соопштија бројот на лица кои се наоѓале во хеликоптерот. Силверман изјави дека леталото е речиси целосно уништено и дека истражителите ќе треба да ги пребараат остатоците за да ги идентификуваат жртвите и да го потврдат идентитетот на хеликоптерот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата