Видео: Поранешен тајландски пратеник уби локален функционер. „Не сакав да пукам во него.“

10.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Поранешен тајландски пратеник уби локален функционер. „Не сакав да пукам во него.“

По пукањето, Риевранг се јавил кај една политичка коментаторка среде нејзиниот пренос на YouTube и го признал делото, пренесува Би-би-си.

Убиството се случило во понеделникот пред канцеларијата на Тонгчај Јенпрасерт. Тој бил застрелан во вратот и подоцна починал во болница, додека неговиот возач бил ранет во раката.

Кратко по нападот, Чалонг Риевранг се јавил кај Анчали Паирерак, која водела политичка емисија во живо на YouTube.

На снимката се гледа како водителката го прима повикот и како изразот на нејзиното лице се менува додека го слуша соговорникот.

„Дали е мртов? Дали пукавте во неговата глава? Мора да ја почекате полицијата. Не одете никаде“, рекла шокираната водителка во телефонот. Гледачите не можеле да го слушнат Риевранг, но од нејзината реакција било јасно дека сведочат на признание за извршеното кривично дело.

Риуранг подоцна е уапсен, а полицијата му дозволила да одржи прес-конференција во станицата. Таму, тој пред новинарите ја изнесе својата верзија за настаните. Тврдеше дека немал намера да пука во Јенпрасерт, кого го опиша како добар пријател.

Според него, Јенпрасерт бил лут на него, иако не ја објасни причината за конфликтот. Риуранг рече дека сакал само да разговара со Јенпрасерт. „Ме оттурна и рече дека не сака да разговара“, изјави Риуранг.

Додаде дека потоа го следел до неговиот автомобил. „Кога го извадив пиштолот, немав намера да пукам во него. Но, тогаш неговиот возач го извади својот пиштол и го впери кон мене, па затоа пукав“, објасни тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата