Видео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми

5.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми

Дваесет и петмина од повредените се пренесени во болница, објави „Си-би-ес њуз“ (CBS News).

Пукањето се случило во раните утрински часови во градот Вајена, а замениците на шерифот слушнаа истрели околу 1:25 часот по локално време додека патролираа низ областа.

Од Бирото за истраги на Џорџија соопштија дека, кога полицајците пристигнале на местото на настанот, затекнале повеќе лица кои биле застрелани.

Две лица кои се здобиле со смртоносни повреди биле пронајдени на неколку блока од местото каде што, според истражителите, започнало пукањето.

Шерифот на округот Дули, Крег Пиви, изјави дека повеќе од 1.000 луѓе се собрале на улицата Пајн за да ја прослават годишнината од собирот на поранешни ученици и локални жители, при што биле испукани најмалку 50 истрели на две различни локации. Надлежните не објавија информации за можен осомничен или за евентуален мотив за пукањето, ниту пак јавно ги идентификуваа загинатите и повредените.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата