Видео: Гори зграда во Дубаи

6.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Гори зграда во Дубаи

Голем пожар избувна на градилиштето на облакодер во близина на хотелот „Ал Хабтур Гранд“ во пристаништето во Дубаи.

Густ црн чад можел да се види над тој дел од градот уште во 7:30 часот наутро по локално време.

Центарот за операции за цивилна заштита во Дубаи добил пријава за пожарот во 7:06 часот наутро, по што противпожарните екипи од станицата Ал Марса веднаш биле испратени на местото на настанот.

Според информациите од надлежните служби, станува збор за пожар со среден интензитет во зграда која сè уште е во изградба. Пожарникарите брзо интервенирале за да спречат ширење на пожарот кон околните згради.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата