Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

25.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии.

Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу американскиот и кинескиот народ остануваат силни. Си порача дека двете големи сили треба одговорно да управуваат со разликите и да бараат простор за стабилни односи и соработка.

На вечерата, Си повика и на „нов пристап“ за Кина и САД да дејствуваат како одговорни глобални сили во светот што се менува.

Трамп му подари на Си статуа на белоглав орел и рече дека „никогаш не се сложувале подобро“.Си, пак, рече дека се надева оти „кинеските компании ќе бидат третирани праведно“.

Свечената вечера беше организирана во чест на кинескиот претседател и неговата сопруга Пенг Лијуан. Посетата на Си на САД трае од 23 до 25 септември и претставува негова прва посета на Белата куќа по повеќе од една деценија.

Во фокусот на разговорите се и прашањата поврзани со глобалната безбедност и меѓународните конфликти.посетата завршува денеска, а вниманието е насочено кон тоа дали подобрената политичка комуникација ќе донесе и конкретни договори меѓу Вашингтон и Пекинг.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата