Видео- фото: Посмртните останки на телохранителите на Мадуро пристигнаа во Куба

16.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео- фото: Посмртните останки на телохранителите на Мадуро пристигнаа во Куба

Кубанската државна телевизија го емитуваше во живо враќањето на посмртните останките на 32 кубански граѓани кои беа убиени во американските напади врз Венецуела за време на операцијата во раните утрински часови на 3 јануари за апсење на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро.

Останките пристигнаа во кутии помали од ковчези, обвиткани со кубанското знаме.

Со години, Куба испраќаше илјадници свои граѓани во Венецуела, која пак ја снабдуваше Куба со нафта. Меѓу Кубанците испратени во Венецуела има наставници и лекари, како и разузнавачки агенти и безбедносен персонал.

Останките беа пречекани на меѓународниот аеродром во Хавана од кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, министерот за внатрешни работи Лазаро Алберто Алварез Касас и други високи функционери на Комунистичката партија на Куба.

„Непријателот еуфорично зборува за високопрецизни операции, за елитни сили, за супериорност. Ние, од друга страна, зборуваме за семејства кои изгубиле татко, син, сопруг, брат. Луѓето не стануваат големи поради материјалното богатство, туку поради способноста да го зачуваат споменот на своите херои“, рече Алварез на аеродромот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата