Вашингтон повикува на промена на власта во Кина- Рубио бара помош од Кубанците и соработка со ЦИА

25.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вашингтон повикува на промена на власта во Кина- Рубио бара помош од Кубанците и соработка со ЦИА

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги повика Кубанците кои сакаат „позитивни промени“ да соработуваат со Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), како дел од засилените напори на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за отстранување на комунистичкото владеење на Куба.

„За оние кои сакаат да постигнат позитивни промени на Куба - сега е вистинското време“, рече Рубио, објави денес CBS News.

Тој ги повика Кубанците да ја искористат, како што рече, можноста што ја нудат прекршените ветувања, корупцијата и привилегиите на неколку луѓе, со цел да се постигне посакуваната промена преку „дискретно партнерство со ЦИА“.

Кратко потоа, ЦИА ја објави повторно пораката на Рубио, со сличен повик на шпански јазик до Кубанците да соработуваат со разузнавачката агенција.

Соопштението беше придружено со видео со упатства за тоа како да се контактира агенцијата.

Владата на САД минатата недела објави нови економски санкции против кубанската државна банка, тврдејќи дека институцијата е поврзана со Иран.

Трамп претходно во петокот за време на предизборниот митинг во јужна Флорида изјави дека САД ќе „се справат со Куба на патот назад од Иран“, осврнувајќи се на американските воени бродови распоредени во близина на Ормутскиот теснец, забележува CBS.

„Овие прекрасни бродови ќе поминат покрај Куба. Ќе запреме еден од нив на околу 50 метри од брегот. Ќе ги кренат рацете, а потоа ќе го испратиме Марко Рубио да ја заврши работата“, рече Трамп.

Кубанските власти ги отфрлија ваквите пораки.

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез Париља, напиша на X дека Хавана ги отфрла сите закани што произлегуваат од амбициите на САД кон Куба.

„Нашите брегови се украсени со прекрасни плажи, но тие се исто така сурови и негостољубиви за оние што доаѓаат со непријателски намери и желба за доминација“, рече кубанскиот министер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата