Вашингтон објави крај на офанзивата со Иран – на повидок ли е договор со Техеран?

6.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вашингтон објави крај на офанзивата со Иран – на повидок ли е договор со Техеран?

Само два дена откако помпезно го најави, Трамп го става на пауза проектот „Слобода“, чија цел беше Пентагон да ги извлече комерцијалните бродови и да го деблокира Омутскиот теснец, кој 78 дена е парализиран за пловидба. Тој на социјалните мрежи појасни дека бил постигнат голем напредок во преговорите со Иран и дека сака да даде шанса за финализирање на договорот. Само два часа претходно, првиот дипломат Марко Рубио објави дека американските офанзивни дејствија во Иран се завршени.   

-Операцијата „Епски бес“ е завршена. Ги постигнавме целите на таа операција. Она што претседателот би го претпочитал е договор. Тој би сакал да седне на маса, да изготви меморандум за идните преговори со сите клучни прашања што треба да се решат. Пораката до Иран е дека тие луѓе се соочуваат со катастрофално уништување на нивната економија, децениско уништување на нивната економија. , изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.

Пораките од Вашингтон експресно се одразија на берзите. Цената на нафтата Брент се намали за осум проценти и падна под 100 долари за барел, пад поттикнат и од информациите кои ги лиферува Пакистан дека двете страни се пред договор и веќе работат на меморандум за ставање крај на војната. Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, кој е во посета на Кина изјави дека Техеран ќе прифати само праведен и сеопфатен договор, за што доби поддршка и од официјален Пекинг.

-Кина верува дека сеопфатен договор треба да се постигне веднаш и да нема рестартирање на војната. Уште поважно е да се држима до преговорите. Кина ја поддржува иранската страна во зачувувањето на националната безбедност и суверенитет., изјави Лин Јиан, портпарол на министерството за надворешни работи на Кина.

Во Ормутскиот теснец се уште се заглавени околу 20 илјади морнари и две илјади бродови, кои војната ги затекна во заливот. Токму деблокирањето на клучната нафтена рута и нуклеарното програма на Иран беа главните прашања за кои Вашингтон и Техеран не успеваа да најдат компромис.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата