Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

19.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Како што објави Блумберг, прашалникот навлегува токму во темите што го делат Вашингтон од дел од европските сојузници, како американските воени активности против Иран и односот кон Николас Мадуро.

 Земјите требале да одговорат и за европските набавки на оружје и дали тие ги насочуваат кон домашни или кон американски компании..Белата куќа, според медиумите, поставила и директни прашања за американската надворешна политика и од членките се бара да наведат дали јавно ги поддржале позициите на Вашингтон. Прашалникот стигнува и до американското воено присуство во Европа. Земјите исто така треба да наведат какви ограничувања поставиле за користењето на нивните бази од американските сили.. Извори од нато ваквите чекори ги доживуваат како обид за наметнување идеолошка линија. Според нив, политичката усогласеност се става во равенка со американската воена заштита.. Дел од сојузниците сметаат дека пристапот „безбедност преку лојалност“ ги поткопува темелите на трансатлантските односи воспоставени по Втората светска војна., пишува Блумберг..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата