Вашингтон ги паузира новите санкции кон Русија до средбата Трамп-Путин

21.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вашингтон ги паузира новите санкции кон Русија до средбата Трамп-Путин

Лидерот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат, Џон Тун, објави дека усвојувањето на законот за воведување нови санкции кон Русија и нејзините трговски партнери е одложено до претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

„Законот за санкции е алатка во арсеналот на претседателот што може да ја користи против Русите за да ги принуди да седнат на преговарачка маса. Барем засега, имаме намера да го притиснеме копчето за пауза“, изјави Тун за новинарите, според американскиот портал Политико.

Тун додаде дека републиканците се обидуваат да соработуваат со администрацијата на Трамп по ова прашање, додавајќи дека е во близок контакт со американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој ги координира акциите за санкции со Белата куќа. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата