- Договорено решение за две држави е патот што може да им овозможи на Израелците и Палестинците да живеат во мир, безбедност и достоинство, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да учествува на Генералното собрание на Обединетите нации.
- За Германија, признавањето на палестинската држава би било крајна точка во процесот. Но, тој процес мора да почне сега, додаде тој.
Германија, заедно со САД, е еден од најголемите сојузници на Израел.
По речиси две години војна во Појасот Газа, Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија вчера ја признаа државата Палестина, а се очекува Франција и други земји денеска во Њујорк да го следат нивниот пример.