Ужас во Германија: Прегазил дете во двор кое си играло, полетал и се забил во штала на 3 метри височина

20.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Германија: Прегазил дете во двор кое си играло, полетал и се забил во штала на 3 метри височина

Имено, несреќата се случила кога возачот на теренец „Волво“ пробил ограда, го покосил детето кое си играло во дворот, а потоа се забил во една од помошните згради.

Возилото се заглавило во ѕид на висина од околу три метри.

Според полициските извештаи, во автомобилот имало пет лица. Покрај возачот, со него имало и три деца, на возраст од 11, 12 и 13 години, додека на совозачкото седиште била жена (43) која се здобила со сериозни повреди.

„Добивме пријава околу 20 часот за несреќа во која биле заробени неколку лица“, изјави портпаролот на противпожарната служба.

На местото на настанот, возилото било пронајдено заглавено во ѕидот на штала на висина од околу три метри.

Во тој момент, во возилото немало никој. Полицијата сè уште не е сигурна како успеале да се ослободат на таа висина.

Возилото ја преминало улицата, ги игнорирало правилата за предност во движење, удрило низ ограда и се заглавило во ѕидот на шталата.

Полицијата започнала истрага за причината за несреќата. Првичните наоди покажуваат дека возачот не бил во алкохолизирана состојба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата