Урсула фон дер Лајен: Новата премиерка на Јапонија создава историја

21.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Урсула фон дер Лајен: Новата премиерка на Јапонија создава историја

- Како прва жена премиерка на Јапонија, Вие создавате историја. Се радувам на блиската соработка со Вас за натамошно продлабочување на единственото партнерство меѓу ЕУ и Јапонија, напиша таа на X.

Јапонскиот парламент утринава ја избра ултраконзервативната Такаичи за прва претседателка на Владата на земјата, откако нејзината Либерално-демократска партија (ЛДП) постигна договор со десничарската партија ЈИП.

При потпишувањето на договорот со лидерот на ЈИП Осака, Хорофуми Јошимура, таа изјави дека „политичката стабилност сега е од суштинско значење“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата