Израелската армија (ИДФ) соопшти дека не се работело за намерен напад и оти поради лошите временски услови биле помешани војниците на ИН со осомничени лица. ИДФ најави и истрага за инцидентот.
- Таквите напади претставуваат сериозно кршење на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, наведе УНИФИЛ повикувајќи се на Резолуцијата со која заврши војната помеѓу Израел и Хезболах во 2006 година и која е основа за ноемврискиот прекин на огнот.
Според Резолуцијата 1701, само либанската армија и мировните сили на ОН можат да се распоредат во јужен Либан, во близина на израелската граница.
И покрај договорот за прекин на огнот, ИДФ и понатаму зазема пет позиции во јужен Либан и напаѓа цели на либанска територија, тврдејќи дека нападите се насочени кон Хезболах.

