Унгарскиот премиер утре во Анкара на разговори со Ердоган

7.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Унгарскиот премиер утре во Анкара на разговори со Ердоган

Посетата се реализира на покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а Орбан ќе учествува на седмото заседание на Високиот совет за стратешка соработка Турција–Унгарија, објави Дуран на турската социјална мрежа NSosyal.

Дуран најави дека двете страни ќе ги разгледаат сите аспекти на продлабоченото стратешко партнерство и ќе разменат мислења за актуелни регионални и глобални прашања.

Според него, се очекува да бидат потпишани повеќе договори со кои ќе се зајакне договорната рамка на билатералните односи. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата