Унгарија: Брисел мора да го почитува ставот на два милиони граѓани за членството на Украина во ЕУ

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Унгарија: Брисел мора да го почитува ставот на два милиони граѓани за членството на Украина во ЕУ

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Гергељ Гуљаш, денеска изјави дека Европската Унија мора да го почитува мислењето на два милиони граѓани кои учествувале во јавната анкета „Гласај 2025“ и се спротивставиле на членството на Украина во ЕУ, наведувајќи дека иднината на Украина „не лежи“ во НАТО.

Зборувајќи на редовна прес-конференција, Гуљаш рече дека самитот на НАТО годинава бил „фундаментално поинаков“ од претходните, со јасна порака од американскиот претседател Доналд Трамп, дека членството на Украина во Алијансата „не е реална опција“.

За разлика од тоа, додаде тој, самитот на ЕУ бил „значително потежок“, бидејќи европските држави, за разлика од САД, сè уште не го промениле пристапот кон украинското прашање. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата